Шкупи го совлада попладнево Работнички со 1-0 (1-0) и им се приклучи на Македонија ЃП, Тиквеш и Воска во полуфиналето на Купот на Македонија во фудбал.
Дуелот меѓу Работнички и Шкупи се одигра попладнево на ФФМ тренинг комплексот во Скопје, откако нивната четвртфинална пресметка беше одложена вчера поради лошата состојба на теренот „Борис Трајковски“ во Маџари предизвикана од обилните врнежи од дожд.
Пласманот меѓу четирите најдобри екипи во националниот Куп на актуелниот лидер во домашното првенство му го донесе Марио Младеновски, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот во 15 минута.
Пласман во полуфиналето во фудбалскиот Куп во средата обезбедија бранителот на трофејот Македонија ЃП, Тиквеш и Воска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.