Вeчерва со почеток од 20 часот Шкендија го игра реваншот против шведскиот АИК од Стокхолм. По минатонеделното реми во Стокхолм со резултат 1:1, црвено-црните на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје ќе бараат квалификации за плејоф натпреварите од Конференциската лига на УЕФА.
Напаѓачот Ферхан Хасани смета дека ова ќе биде тежок натпревар.
Но, докажавме дека имаме квалитет и дека можеме да се соочиме со секој противник. Се почнува од нула и мислам дека шансите за пласман во плеј-офот се 50:50. Ќе дадеме се од себе, плус ќе имаме голема поддршка од навивачите и верувам дека со нивна помош ќе успееме да се пласираме во плеј-офот на Конференциската лига. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите навивачи што е можно повеќе да дојдат на стадионот за да не поддржат, бидејќи тие се наш 12-ти играч“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.