Шкендија со победа ја започна европската сезона. Во натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига ја совладаа екипата на Хаверфордвест од Велс со 1-0. Стрелец на победоносниот гол беше Аденис Шала.

Екипата од Тетово ја имаше контролата на мечот иако тоа не беа шанси од некои добро изработени акции. Се гледа дека екипата на тренерот Ардијан Нухиу не е уиграна и ќе мора уште да се работи до почетокот на македонското првенство.

Реванш мечот се игра следната недела во Велс и Шкендија ќе мора и таму да игра максимално ангажирано доколку сака пласман во следното квалификациско коло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.