Босанскиот стратег, Бруно Акраповиќ,од повеќе не е тренер на Шкендија, потврдуваат од актуелниот македонски фудбалски шампион.
Двете страни постигнаа заемен договор за прекин на соработката и сметаат дека тоа во овој момент е од обостран интерес – соопштија од Шкендија.
Акраповиќ заминува од тетовскиот клуб 14 месеци откако по втор пат седна на клупата на Шкендија, која ја предводеше и во периодот од октомври 2015 до декември 2016 година.
Прекинот на соработката со Акраповиќ доаѓа по ремито без голови во Тетово против претпоследно пласираниот Борец.
Шкендија по 25 одиграни прволигашки кола е второпласирана со ист број бодови (48) како и Академија Пандев на третото место, а 13 помалку од лидерот Шкупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.