Фудбалскиот клуб Бордо е исфрлен во Третата француска лига поради финансиски неправилности, соопшти управното тело на француската лига (ЛФП).
Бордо, кој е шесткратен првак на Франција, сезонава испадна во Втората откако заврши на дното во Лига 1 и има долгови од околу 40 милиони евра.
Клубот не успеа да го увери финансиското надзорно тело на францускиот фудбал (ДНЦГ) дека ќе може да ги исполни своите финансиски обврски во претстојната сезона.
Бордо, кој од лани е во сопственост на претприемачот Жерар Лопез, објави дека ќе се жали на пресудата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.