Навивачите (40%), претставниците на клубовите (30%) и фудбалските стручњаци (30%) го одбраа идеалниот состав на сезоната во Бундеслигата.

Во тимот има шестмина од новиот шампион Баер Леверкузен. Тоа се Џереми Фримпонг, Јонатан Та, Алехандро Грималдо, Гранит Џака, Флоријан Виртц и Виктор Бонифасис.

Баерн Минхен го претставуваат само Хари Кејн и Џамал ​​Мусиала, додека од Борусија Дортмунд во најдобрите единаесетмина е голманот Грегор Кобел.

Останатите двајца во изборот се Валдемар Антон и Серу Гираси од Штутгарт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.