Голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е на списокот на интереси на Севилја и Виљареал, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, двата клуба сакаат да го ангажираат како слободен играч македонскиот репрезентативен голман. Актуелниот договор на 29-годишниот Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува летото 2024 година.

Димитриевски оваа сезона бранеше на 13 натпревари во Примера. Прими 17 гола и шест пати ја зачува мрежата чиста.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Димитриевски на четири милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.