Легендарниот фудбалер и прославен српски селектор Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст откако неколку години се бореше против леукемијата.
По веста која го потресе целиот спортски свет, познато е и кога ќе биде погребан Михајловиќ.
Имено, по одлука на семејството Синиша Михајловиќ, тој ќе биде погребан овој понеделник во Рим.
Да потсетиме, Михајловиќ долго време се бореше со леукемијата, откако му беше дијагноситцирана во 2019 година, успеа да ја победи и да се врати на тренерската работа, но за жал болеста повторно се врати и зададе силен, но и болен удар.
Пораки со поддршка за неговото опоравување доаѓаа од различни страни, од неговите поранешни клубови, соиграчи, членови на семејството… На голема тага и жалење, Синиша не издржа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.