Сопругата на Синиша Михајловиќ за италијанските медиуми изјавила дека децата и таа знаеле кога ќе умре Синиша, односно дека ситуацијата во последниот месец од неговиот живот била таква што тој не можел да закрепне. Но, тоа не сакале да му го кажат на Синиша, па затоа и денес им е тешко на неговите деца.
„Заедно решивме ништо да не му кажеме на Синиша. Тоа беше голем шок за сите нас бидејќи знаевме дека наскоро ќе умре и тој не знаеше ништо за тоа. Беше многу болно да се преправаме дека ништо не се случува, и за мене и за децата. Тие многу страдаа поради тоа и сè уште зборуваат за тоа. Беше тоа убава и голема љубов и среќен сум без разлика на се што се случи. Имав чест и привилегија да поминам 27 години со таква прекрасна личност. Сакам да им кажам на моите деца дека многу ги сакам и дека тие се мојата сила. Да не беа тие, немаше да можам да продолжам-рече Андријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.