Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.
Сејдини оставката ја доставил пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, повика на итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал.
Мандатот на Сејдини траеше до март 2025 година кога се очекуваше редовно изборно собрание на ФФМ, но по повлекувањето, сега е одлучено Вонредно Изборно Собрание да се одржи на 22 декември.
Согласно најавите, досега единствено потврден кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ, кој во 2008 година исто така беше кандидат тогаш за наследник на Харалампие Хаџи-Ристески на челната позиција на ФФМ.
Сејдини, веднаш по триумфот над Фарските острови, попладнево и на македонските репрезентативци на арената „Тодор Проески“ им ја соопшти веста дека се повлекува од претседателската функција на ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.