Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на Џанлука Вијали. Вчера можевме да го видиме на клупата на Италија како помошник на селекторот Манчини.
Тој има 57 години и боледува од тешка болест.
Италијанецот во 2017 година објави дека му бил дијагностициран рак на панкреасот, а во 2020 година објави дека се чувствува одлично и дека ја добил борбата со страшната болест.
Тој призна дека му се вратиле здравствените проблеми и дека не му даваат мир.
„Несаканиот гостин, како што јас го нарекувам, е сè уште со мене. Туморот е сè уште таму. Некогаш забележуваш повеќе, понекогаш помалку. Ќе продолжам да се борам затоа што сакам да бидам тука уште многу години од сега..„Сила добивам од семејството, од пријателите, од сите што ми даваат храброст. Не можам доволно да им се заблагодарам“, вели Вијали.
Тој во последно време видно ослабе поради здравствени проблеми, а истакнува дека почнал да носи поширока облека за да избегне непријатни прашања.
Поранешниот ас е во брак со Кетрин, Англичанка со која има две ќерки, Оливија и Софија, кои се со него во овие тешки години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.