Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку ги сподели своите емоции по дебитантскиот натпревар за тимот.

Наполитанците ја победија Парма со 2:1 на домашен терен во натпревар од 3. коло на италијанската Серија „А“. Лукаку израмни во 90.+2. минута, а Андре-Франк Замбо Ангиса по кратко време го постигна победничкиот гол за тимот на Антонио Конте.

-Чест е да се игра за овој клуб, за овие навивачи и за овие момци кои ме пречекаа толку топло. Работевме напорно и трудот што го вложивме на тренинзите се исплатеше. Навикнат сум да постигнувам голови дебито, но најважно е што победивме. Среќен сум, но сега треба да работиме и да продолжиме да победуваме, рече Лукаку по мечот.

Наполи го објави трансферот на Лукаку од Челси на 29 август. 31-годишниот Белгиец потпиша договор до 30 јуни 2027 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.