Српскиот фудбалер, Драгиша Гудељ, е хоспитализиран откако синоќа загуби свест за време на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол.

Фудбалерот на Кордоба и брат на српскиот репрезентативец, Немања Гудељ, колабираше на теренот во 13 минута од натпреварот, но лекарите со брза интервенција го вратија во свесна состојба и итно го пренесоа во болница.

Фудбалскиот клуб Кордоба соопшти дека здравствената состојба на 26-годишниот српски дефанзивец е стабилна, но е задржан во болница на детални испитувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.