Репрезентативниот селектор на Англија – Герет Саутгејт ја отвори вратата за можно заминување од „Трите лава“ доколку селекцијата не успее да го освои Европското првенство во Германија.

-Ако не победиме, веројатно ќе си заминам. Така што ова може да биде мојата последна шанса да го освојам Европското првенство. Мислам дека околу половина од тренерите ќе ги напуштат своите позиции по овој настан, кој е дел од природата на меѓународниот фудбал, изјави Англичанецот и додаде: „Веќе бевме блиску до освојување на Европското. Во 2021 година почувствував одговорност кон цела земја. Знам дека во одреден момент луѓето ќе ја изгубат вербата“.

Репрезентацијата на Англија веќе е на германско тло каде се подготвува за стартот на ЕП 2024. „Трите лава“ се во групата „Ц“ заедно со Србија, Данска и Словенија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.