Сопствениците на седумкратниот европски првак Милан најавија изградба на нов стадион со цел „Росонерите“ да можат рамноправно да се натпреваруваат со елитните клубови на континентот.
Говорејќи на лондонскиот „Financial Times Business of Football Summit“, извршниот директор на Милан, Гери Кардинале, најави дека клубот ќе добие „нов дом со 70.000 седишта“.
„Тоа би требало да биде добро не само за Милан, тоа би требало да биде добро за Италија и за Серија А“, рече Кардинале.
Милан и градскиот ривал Интер веќе подолго време размислуваат за преселба од култниот стадион „Сан Сиро“, кој е во сопственост на локалните власти, и изградба на сопствени одвоени стадиони на периферијата на Милано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.