Мохамед Салах може да ја продолжи кариерата во Барселона. Каталонците сакаат да го засилат нападот, а приоритетна цел останува напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Но, норвежанецот го бараат и други врвни клубови, што им ја отежнува задачата на Каталонците.
Барселона го гледа Мохамед Салах од Ливерпул како алтернатива на Халанд, тврди „Ас“.
И покрај тоа што Египјанецот не е класична деветка, тренерот на Барса, Чави и раководството на клубот го ценат поради неговата сестраност и веруваат дека гарантира 30 гола во една сезона.
Дополнително, трансферот на 29-годишен играч ќе чини помалку од трансферÐ �т на Халанд.
Барселона веќе стапи во контакт со претставниците на Салах и комуникацијата беше позитивна. Самиот Мохамед не е против промена на клупската средина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.