Натпреварот од осмото коло од групата Б во квалификациите за ЕП меѓу Босна и Херцеговина и Португалија го одбележа срамниот инцидент што се случи во првото полувреме од натпреварот во Зеница.
Еден навивач на БИХ се погрижи дебаклот на нашите соседи да не биде во преден план, па поради неговиот скандалозен потег неочекувано стана главна тема во Босна.
Имено, тој на сред меч „излета“ на теренот додека Кристијано Роналдо се подготвуваше да изведе аут и се нафрли на славниот Португалец.
Тој по секоја цена сакаше да се фотографира со познатиот фудбалер, па го влечеше Португалецот.
Обезбедувањето брзо реагираше и го извади навивачот од теренот. Во метежот кој настана Роналдо доби удар во ногата и најпрво се чинеше дека е повреден во овој инцидент. За среќа, на крајот се заврши без последици и натпреварот набрзо беше продолжен.
@senoritamatea #fy #fyp #viral #viraltiktok #cr7 #cristianoronaldo #potrugal @Portugal ♬ original sound – Matea Grubešić
@hannesnero Ronaldo vs Bosnia, Pitch invader! 16.10.2023 Bosnia vs Portugal #ronaldo #bosnia #portugal #football #pitchinvader #fan #crazyfan ♬ Originalton – hannesnero
Kurir sport
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.