Следното издание на Копа Америка ќе се одржи во 2024 година во САД, во заедничко соопштение објавија Јужноамериканската и Северноамериканската фудбалска федерација, КОНМЕБОЛ и КОНКАКАФ.

Договорено е да настапат сите 10 јужноамерикански репрезентации, како и шест најдобри селекции од Cеверна и Централна Америка.

Ова ќе биде втор пат натпреварувањето на кое низ историјата најчесто настапуваа јужноамериканските репрезентации да се одржи во САД, кои беа домаќини во 2016 година, на вонредното издание на Копа Америка по повод 100 години од првото издание.

САД, заедно со Канада и Мексико, ќе биде домаќин и на Светското првенство во фудбал во 2026 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.