Рускиот фудбалер Александар Козлов починал на 29-годишна возраст од срцев удар предизвикан од згрутчување на крвта.

Како што објавија руските медиуми, Козлов колабирал за време на тренингот со екипата на Зорка од Красногорск.

Рускиот фудбалер, кој играше на позициите напаѓач и во средниот ред, своевремено настапуваше за рускиот гигант Спартак Москва, за кој одигра 28 натпревари и постигна еден гол.

Сите во црвено-бело се шокирани од веста за смртта на поранешниот напаѓач на Спартак, Александар Козлов. Саша имаше само 29 години. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и пријателите – соопшти московски Спартак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.