Иако во текот на својата плодна кариера настапуваше со голем број фудбалски ѕвезди, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, изненади многумина со својот одговор кој му бил најмил соиграч на „Олд Трафорд“.

– Уживав да играм покрај Карлос Тевез. Едноставно ми се допаѓаше нашата поврзаност на теренот, обелодени Руни во разговор за „SPORTbible“.

Руни во текот на својата кариера играше со бројни врвни напаѓачи, меѓу кои и Кристијано Роналдо, Руд ван Нистелрој, Робин ван Перси, Луис Саха, Димитар Бербатов … но рече дека најдобро се согласувал со Аргентинецот Тевез.

– Како партнер во нападот тој беше фудбалерот со кого најмногу уживав да играм. Со Тевез можев да ротирам, јас ќе бев број. 9, а тој ќе ја земеше „десетката“, па потоа ќе се заменевме. Кога ќе загубевме топка, бевме како бик кого се обидуваат да го вратат, додаде Руни.

Во дресот на Манчестер јунајтед, Руни и Тевез заедно играа две години и освоија вкупно шест титули, од кои две англиски првенства и Лигата на шампиони



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.