Лионел Меси и во Саудиска Арабија го прогонува Кристијано Роналдо.Ал Наср доживеа пораз во градското дерби против Ал Хилал (2:0), а натпреварот го одбележа скандалозното однесување на славниот Португалец кој беше исфрустриран од лошата игра и новиот неуспех на неговиот тим.

Шампионската титула полека, но сигурно му одминува на Роналдо во Ал Наср, бидејќи сега имаат три бода помалку и натпревар повеќе од лидерот Ал Итихад, а тоа го налути Португалецот кој не успеа да ги контролира емоциите на теренот.

Очајниот Роналдо по натпреварот се најде во центарот на вниманието поради неговото примитивно однесување. По мечот тој подлегна на провокациите на навивачите на Ал Хилал и направи гест кој не доликува на спортист кој е идол на милиони луѓе ширум светот.

Навивачите на противничкиот тим скандираа „Меси, Меси“ кога Роналдо го напушти теренот а тој се фати за меѓуножјето и фановите веднаш го снимија и го објавија на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.