Кристијано Роналдо вечерва нема да игра за својот Манчестер Јунајтед на супер – дербито со Ливерпул на “Енфилд“. Ова и официјално го објавија од таборот на Јунајтед. Причината е семејната трагедија на Португалецот.

Тој вчера објави дека во болница му починал новородениот син. Роналдо беше скршен од болка.

Инаку договорено е во 7.минута од вечерашниот натпревар тој да биде прекинат за да сите заедно, навивачите и играчите со едноминутно ракоплескање изразат сочуство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.