Португалецот Кристијано Роналдо во ексклузивното интервју кое го даде за британскиот новинар Пирс Морган призна дека цени само тројца соиграчи од Манчестер Јунајтед.
Португалската суперѕвезда даде интервју кое ја шокираше целата фудбалска јавност. Тој реши да раскаже се што му паѓа на и жестоко го критикуваше својот клуб Манчестер Јунајтед, неговите сопственици и тренерот Тен Хаг, но не застана тука.
Тој истакна дека цени само тројца играчи од својот тим.
“Имам само позитивни зборови за тројца играчи на Јунајтед. Диого Далот е многу професионален, иако е млад и не се сомневам дека ќе издржи долго. Тој е паметен и многу професионален. Би ги споменал и Лисандро Мартинез и Касемиро “, изјави Роналдо.
Потоа следеа жестоки критики кон младите играчи на Јунајтед.
„Не почитуваат поискусни и повозрасни играчи, живеат во друга ера. Морам да кажам дека мојот син кој има 12 години го нема тој менталитет. Младите играчи во денешно време многу полесно доаѓаат до некои работи. Не се мачат, не им е баш гајле.Тие се преправаат дека слушаат, но тоа влегува во едното уво, а од другото излегува. Не ме чуди, но навистина им е штета што не го користат фактот дека покрај себе го имаат најдобриот пример“, вели Роналдо и додава:
„Јас сум тој пример. Секое утро прв пристигнувам и последен што заминувам“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.