Роналдо со бројот 7 на дресот е еден од фудбалерите на Левски што од клупата за резервни играчи чекаат шанса да влезат на теренот на дуелот против Шкупи.

Иако има генералии, многу познати во фудбалскиот свет, сепак, не станува збор славниот португалски фубалер, Кристијано Роналдо, туку за бразилски фудбалер со тоа име.

Станува збор за 22-годишен напаѓач, роден во Рио де Жанеиро, кој пред да дојде во Левски има настапувано за Баија и Сао Каетано.

Роналдо е еден од адутите на тренерот на Левски, Николај Николов, доколку му треба да ја засили играта во нападот на својата екипа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.