Двократниот освојувач на наградата за најдобар светски фудбалер Роналдињо започнува со организација на светска лига во уличен фудбал со цел да им даде шанса на талентираните млади играчи да ги покажат своите вештини и да го минат истиот пат до славата како и легендарниот бразилски фудбалер.
Глобалната улична лига Роналдињо (РГСЛ) ќе стартува на крајот на оваа година, соопштија организаторите.
На почетокот ќе се спроведе тестирање преку социјалните мрежи каде играчите во уличен фудбал од сите возрасти ќе можат да ги постираат своите вештини во обид да се вклучат во еден од тимовите кои ќе се натпреваруваат во светската лига.
Натпреварите во вештини ќе бидат организирани во големите градови ширум светот, а екипите ќе се натпреваруваат во лигата за титулата „РГСЛ шампион“, додека најдобрите играчи ќе се вклучат во личниот тим на Роналдињо.
Организаторите, засега, не се соопштија детали за локациите и точниот датум за почеток на светската лига во уличен фудбал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.