Ливерпул ги шокираше своите навивачи откако на домашен терен загуби со 0-1 од Нотингем во 4.коло од Премиер лигата.
Победата беше прва за Форест на „Енфилд“ по 55 години, а со тоа тимот собра 8 бода од првите 4 натпревари, додека „црвените“ остануваат со 9.
Севкупно, домаќините не беа толку доминантни во нападот како на претходните натпревари, се мачеа против добро поставениот противник, кој дефинитивно покажа раст во однос на минатата сезона.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше очекувано незадоволен од настапот на неговиот тим на домашен терен против Нотингем Форест.
„Црвените“ не успеаја да победат на „Енфилд“, но во исто време го примија првиот гол од почетокот на сезоната, што воедно значеше и прв пораз под водство на Холанѓанецот.
-Резултатот е најразочарувачки. Не можеме да бидеме задоволни од тоа како се одвиваше натпреварот. Тешко создававме шанси. Мораме да се погледнеме себеси, мораме да бидеме подобри. Пречесто ја губевме топката околу нивниот шеснаесетник. Мораме да бидеме многу добри со топката. Одлуките што ги носевме не беа добри. Се браневме прилично добро во целина, но тие доведоа двајца брзи играчи кои ни отежнаа. Презедовме многу ризици и на крајот тие постигнаа убав гол, изјави Слот по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.