Екипата на Реал Мадрид дојде до својот 15-ти трофеј од Лигата на шампионите, откако на „Вембли“ во Лондон ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0. „Кралевите“ долго се мачеа, противникот беше далеку поопасен на тревникот и сериозно го загрозуваше голот на Куртоа.
Во првото полувреме токму белгискиот голман, но и стативата го спасија Реал Мадрид, но во вториот дел комплетно различна слика во Лондон. „Кралевите“ жестоко напаѓаа, а Кобел ја држеше Борусија во игра. Корнерите на Тони Крос беа најголема опасност, а токму после еден корнер на германецот, Дани Карвахал погоди за водство од 1-0 во 74-тата минута.
Само девет минути подоцна, голема грешка на одбраната на Борусија Дортмунд. Подарок на Белингам, кој проигрува до Винисиус, а овој без поголеми проблеми го совлада голманот на Борусија откако излезе очи во очи со него.
До крајот на мечот, Фулкруг во 87-мата минута успеа да погоди за намалување на водството на Реал, но асистентот судија веднаш реагираше и сигнализираше офсајд, а исправноста на неговата одлука ја потврди и ВАР системот.
قول لريال
🎥- تابع الحساب الأساسي : @AZiiHD
#UCLfinal | #APorLa15 pic.twitter.com/7mZ0gmR5SD
— تغطيه MM (@feca19ea9f) June 1, 2024
За тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ова е петти трофеј во Лигата на шампионите, трет со „кралевите“, додека два освои со екипата на Милан.
Извор: Спортманија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.