Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја презема одговорноста за убедливиот пораз (0:4) од Барселона синоќа на домашен терен.
– Почетокот на натпреварот беше добар, но при 0:1 ја загубивме контролата, Барса најде простор и ни зададе проблеми. Почнавме со тројца одбранбени играчи, се обидовме да играме еден на еден, но не успеа. Имаме предност во првенството. Сега треба да се одмориме и добро да се подготвиме за следните две недели. Во вториот дел сакав да притиснам малку повисоко, но не успеа. Тоа е моја грешка. Ова е тежок пораз бидејќи е „Класико“. Но, ние имаме предност во Ла Лига и мораме да останеме смирени, да чекаме повредените да закрепнат. Нема потреба да се драматизира поради овој натпревар. Бевме непрепознатливи, се тргна наопаку. Треба да заборавиме на тоа и да продолжиме понатаму, имаме голема предност. Јас сум виновен, виновен е тренерот, изјави Анчелоти.
По 29 кола во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид е лидер на табелата со 66 бода, втора е Севилја со 57, Барселона се проби на третата позиција со 54.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.