Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта влезе во судиската соба по натпреварот од 9. коло на Ла Лига со Реал Мадрид (1:3). пренесува „Марка“.

– Кога натпреварот заврши и судискиот тим беше во соблекувалната, претседателот на Барселона Жоан Лапорта влезе во просторијата и постојано бараше разјаснување за одредени ситуации во текот на натпреварот. Судиите и делегатот од него побараа да ја напушти судиската просторија и немаше дополнителни инциденти, соопшти судијата Хозе Марија Санчез Мартинез во извештајот.

Според „Марка“ Лапорта бил незадоволен од тоа што не бил досуден пенал по падот на напаѓачот Роберт Левандовски во 75. минута, а и поради прекршокот за 11 метри по стартот на Ерик Гарсија врз Родриго во 90. минута.

Барселона е на второто место со 22 бода од девет натпревари. Каталонците го претрпеа првиот пораз во тековната сезона во Ла лига



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.