По петтата победа сезонава, Работнички се искачи на лидерското место во Првата македонска фудбалска лига по 9. коло.
„Романтичарите“ славеа против Воска со 2:0, а гостинска победа забележа и шампионот Струга ТЛ против Вардар со 4:1. Единствен тим со полн погодок на свој терен е Шкупи, која совлада Брера со 3:1.
Постигнати резултати во 9. коло од ПМФЛ:
Гостивар – Беса 1:1
Пелистер – Тиквеш 0:0
Шкупи – АП Брера Струмица 3:1
Силекс – Шкендија 0:0
Вардар – Струга 1:4
Воска Спорт – Работнички 0:2.
Табела: Работнички 19 бодови, Шкендија 18, Гостивар 17, Струга 15, Силекс 14, Шкупи 12, АП Брера 11, Пелистер 10, Беса 9, Тиквеш 7, Вардар 7, Воска Спорт 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.