Пари Сен Жермен е заинтересиран за крилниот напаѓач Луис Дијаз од Ливерпул, пишува весникот „Ел Паис“. 27-годишниот Колумбиец е еден од кандидатите да го замени Килијан Мбапе, кој најверојатно на лето ќе го напушти францускиот шампион и ќе се пресели во Реал Мадрид.

Дијаз игра за Ливерпул од јануари 2022 година. Оваа сезона има 38 настапи за „црвените“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и 5 асистенции.

Сериозен интерес за Луис Дијаз, кој е поранешен играч на Порто, покажува и Барселона.

Сепак, двата клуба тешко би го убедиле Ливерпул да се раздели со Колумбиецот. Се појави информација дека од „Енфилд“ ќе го продадат Дијаз само доколку за него добијат околу 100 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.