Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг е трансфер цел на ПСЖ, пренесе „Диарио спорт“. Парижаните гледаат на Холанѓанецот како една од опциите за обнова на тимот по заминувањето на напаѓачот Килијан Мбапе.
Тотенхем понуди 60 милиони евра за 26-годишниот Де Јонг.
„Мундо Депортиво“ објави пак дека Каталонците планираат да добијат 100 милиони евра за играчот од средниот ред.
Холанѓанецот игра за Барселона од 2019 година. Неговиот договор со клубот е до летото 2026 година.
Оваа сезона Де Јонг одигра 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.