Газдата на Шахтјор Доњецк Ринат Ахметов повторно се најде во центарот на вниманието откако објави дека го продал својот играч Михајло Мудрик на Челзи да ја финансира украинската војска.
Тој е еден од најбогатите луѓе во Украина и меѓу оние кои први ја напуштија земјата по избивањето на војната.
Ахметов го искористи профитот од челикот и јагленот за да направи силен фудбалски клуб со здрава основа и нов најмодерен стадион.
Потекнува од сиромашно семејство. Брат му и татко му работеле како рудари, професија од која малиот Ринат сакал да побегне по секоја цена. Богатството му се проценува на 6,93 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.