По дебаклот во осминафиналето на Светското првенство, Швајцарија се сврте кон нов циклус квалификации за ЕП.

Швајцарија ќе игра во групата И со Романија, Андора, Израел, Косово и Белорусија.

Тие поради актуелната политичка ситуација се многу загрижени за гостувањата во Белорусија и  Косово.

Имено, на 25 март Швајцарија ќе игра на гости кај Белорусија, а големи се шансите тој меч да се одигра во Србија. Белорусија е делумно санкционирана од УЕФА поради војната во Украина и своите натпревари ќе ги игра на неутрален терен, најверојатно во Србија! Белорусија го одигра натпреварот од Лигата на нации во Нови Сад, а тој факт предизвика паника во швајцарските медиуми.

Како што дознава Курир.рс големи се шансите Белорусите повторно да ги одиграат квалификациите во Србија. И Кипар е опција, но во моментов, поверојатно е тоа да биде Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.