Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Летонија (14 ноември) и против Фарски Острови (17 ноември) од Лига на Нации. Двата меча ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

На списокот на Милевски се наоѓаат:

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Игор Алексовски и Марко Алчевски.

Одбрана: Висар Муслиу, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Стефан Ашковски, Ѓоко Зајков, Андреј Стојчевски, Бехар Фета и Дарко Велковски.

Среден ред: Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Давид Бабунски и Сефер Емини.

Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Ќамили, Димитар Митровски и Кристијан Трапановски.

Македонската репрезентација по четири круга во групата од Лига на Нации е на првото место со 10 освоени бода



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.