Навивачите на норвешкиот прволигаш Лилестром на иновативен начин протестираа против користењето на ВАР технологијата во фудбалот.

Навивачите го изразија своето незадоволство фрлајќи стотици тениски топчиња на теренот за време на вчерашниот домашен натпревар против Осло. Натпреварот беше прекинат додека теренот не беше расчистен од фрлените тениски топчиња.

На трибините можеше да се забележат и пароли со кои се бара забрана на ВАР технологијата.

Воведувањето на системот создаде многу контроверзии во скандинавската земја, при што голем број клубови изразија несогласување со одлуката на федерацијата да го користи.

Сите во Норвешка се против ВАР. Ние само го изразивме нашето несогласување затоа што воведувањето на ВАР технологијата ја расипува играта. Им беа потребни три минути за да го исчистат теренот од нашиот протест, толку брзо и ВАР ги носи одлуките“, изјави Јоаким Молер, кој е еден од организаторите на акцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.