Пред денешниот последен натпреварувачки ден во квалификациите во групната фаза познати се 20 учесници на Европското фудбалско првенство кое идната година од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Пласман на ЕУРО2024 синоќа обезбедија бранителот на титулата Италија, како и Словенија и Чешка. Трите репрезентации со тоа им се приклучија на Франција, Англија, Шпанија, Португалија, Белгија, холандија, Турција, Шкотска, Данска, Швајцарија, Албанија, Австрија, Романија, Унгарија, Србија, Словачка и домаќинот Германија.

Пласман на завршниот турнир денеска ќе обезбедат Хрватска или Велс во рамки на групата Д, а преостанатите три места ќе бидат пополнети во март идната година кога на програмата е плејофот.

Жрепката за ЕУРО2024 е закажана за 2 декември во Хамбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.