Американскиот спортски новинар Грант Вал починал како последица на пукната торакална аортна аневризма, потврди неговата сопруга Селин Гаундер, пишува Дејли мејл.

Тоа е само една од оние работи која веројатно се подготвувала со години, а поради некоја причина тоа се случи токму во овој момент, рекла Селин.

Вал почина додека го следеше четвртфиналниот натпревар, соопшти Американската фудбалска асоцијација, а медиумите прецизираа дека тој починал на натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија.

Претходно на турнирот, Вал беше повикан од катарските власти затоа што носеше маица со виножито за да покаже поддршка за ЛГБТ заедницата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.