Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0.

По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута.

Голот на Ернандез е најбрз во полуфиналињата на Мундијалите од 1958 година. Тогаш Бразилецот Вава постигна гол против Франција во првите две минути.

Французите ќе играат во финалето против Аргентина каде ќе ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на Мундијалот во Русија.

Финалето ќе се игра на 18 декември со почеток во 16 часот.

Ден претходно (17 декември од 16 часот) Мароко ќе игра со Хрватска во мечот за 3. место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.