Французинот Франсоа Летексие е назначен за главен судија на финалниот натпревар на Европското фудбалско првенство 2024 меѓу Шпанија и Англија, објави официјалниот сајт на УЕФА.

Помошници на Летексие ќе му бидат сонародниците Сирил Муние и Мехди Рахмуни. Резервен судија – Шимон Марчинијак (Полска).

Средбата ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин и ќе започне во 21 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.