Фудбалерите на Интер успеаја да забележат вечерва победа од 2-1 во градското дерби против Милан и со тоа да ја обезбедат 20 титула во клупската историја, престигнувајќи го токму Милан на вечната листа.

Интер поведе во 18. минута кога Франческо Ачерби беше највисок во скокот по изведениот корнер и со глава ја затресе противничката мрежа.

Турам на почетокот на вториот период зголеми на 2-0, во 49. минута.

Надежта на Милан ја врати Томори, кој беше прецизен во 80. минута, но црвено – црните немаа сили да избегнат пораз.

За Интер ова е јубилејна 20 шампионска титула, а прва по 2021 година. Интер сега се врати на второто место на вечната листа. Недостижен е Јувентус со 36 титули, додека трет е Милан со 19



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.