Полицијата беше најмногубројна на мечот помеѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија. На комплексот на ФФМ во Лисиче имаше овеќе обезбедување од публика.

Македонските и бугарските навивачи беа и физички раздвоени на трибините.

Дури и на новинарите не им беше дозволен пристап до навивачите кои беа околу 60. Но, иако се очекуваше дека ќе допатуваат најопасните “тифози” сепак во Скопје допатуваа “нормални” поддржувачи на бугарскиот клуб.

На теренот пак слаба игра со оглед на временските услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.