Барселона беше на чекор до победа откако со два гола за десет минути дојде до 2-0, но на девет минути пред крајот се случија драматични сцени, откако голманот на домаќините истрча до клупата на Барселона за да земе опрема за итна помош.

Навивач во Кадиз се бори за живот откако колабираше на трибините, по што после 20 минутниот прекин на кој фудбалерите со загрижени лица гледаа што се случува, на крајот судијата ги испрати во соблекувачната.

Според информациите од Шпанија, на навивачот му се слошило на трибината по што загубил свест и сега лекарите се борат за неговиот живот, но нема подетални информации.

Извор: Екипа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.