Фудбалерите на Барселона остварија убедлива победа против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, а на тој меч дури соборија и клупски рекорд стар повеќе од 70 години.

Резултатот на крајот од натпреварот беше убедлив со 5:2, а тоа беше доволно за апсолутен рекорд во историјата на 74-годишниот клуб.

Барселона е единствената екипа која успеала да постигне дури 55 голови во сите натпреварувања во првите 16 натпревари од сезоната!

Пред Барселона со Ханси Флик нешто слично успеа да направи легендарниот Фердинанд Даучик во сезоната 1950/51.

Тогаш тимот постигна 54 гола во првите 16 натпревари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.