Шпанскиот фудбалски гигант Барселона сака во своите редови да го има голманот на Рајо Ваљекано и македонски репрезентативец Столе Димитриевски.

Според „Sport.es“, каталонсклиот клуб планира да го ангажира 28-годишниот Македонец во случај тимот да го напушти голманот Нето, кој сака повеќе минутажа.

Во тековната сезона, Димитриевски бранеше на 18 натпревари за Рајо Ваљекано и прими 18 гола, при што на шест средби ја зачува мрежата „сува“.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 2,5 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.