Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3:0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.
– Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера. Во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период, информира ФК Работнички.
Прволигашот од „Дебар маало“ во следното 13. коло на домашен терен ќе го пречека Силекс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.