Потврдено е дека под урнатините предизвикани од земјотресот во Турција, еден од играчите на Хатај е Кристијан Атсу кој синоќа постигна гол во 97. минута за победа против Касимпаша.
Потрагата по репрезентативецот на Гана моментално е во тек, сите се надеваат дека поранешниот играч на Челзи и Њукасл е жив и ќе биде спасен.
Атсу за репрезентацијата на Гана одигра 65 натпревари и постигна девет гола.
Тој во Хатајспор пристигна на 6 септември минатата година.
Покрај него, објавена е информација и дека спортскиот директор на Хатај, Танер Савут е под урнатините по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.