ФК Челзи преостанатите натпревари ќе ги игра на „Стемфорд Бриџ“ во рамките на Лигата на шампионите, без поддршка од публиката. Причината за тоа лежи во санкциите на ЕУ, кои постојано ги следи УЕФА, а кои се насочени против сопственикот на двократниот европски шампион, Роман Абрамович.

– УЕФА е целосно посветена на спроведувањето на санкциите на ЕУ и на сите меѓународни санкции. Разбираме дека во овој случај, постои лиценца од британската влада, која му овозможува на Челзи да продолжи со минимум фудбалски активности се додека не му дава финансиски бенефиции на г-дин Абрамович. УЕФА ќе продолжи тесно да работи и да ги поддржува играчите, персоналот и навивачите на Челзи во овие тешки моменти за да им овозможи да ги бранат боите на својот клуб на теренот, се вели во соопштението на Европската куќа на фудбалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.