Сплитскиот градоначалник Ивица Пуљак најави дена идната година ќе почнат реконструкциски работи на легендарниот стадион „Пољуд“ за што ќе бидат инвестирани 40 милиони евра. Финансиската конструкција ќе ја обезбедат Градот Сплит и хрватската држава.
Пуљак најави дека реконструкцијата на стадионот треба да да почне во вториот квартал на 2024 година. „Пољуд“ во моментов има 34.000 седишта, што е за речиси 20.000 помалку од капацитетот со кој располагаше на отворањето во 1979 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.