Француската полиција изврши претрес во куќата на Насер Ал-Хелаифи, претседател на францускиот фудбалски шампион, Пари Сен Жермен и извршен директор на медиумскиот холдинг „beIN Media Group“.

 

Според тамошните медиуми, акцијата на полицијата е поврзана со истрагата за киднапирање, незаконско приведување и тортура на лобистот Тајеб Бенабдерахман.

 

Портпаролот на Ал-Хелаифи рече дека им е дозволен пристап на истражните органи, како и дополнителни информации: „Сè се одвива во целосна соработка со властите“.

 

„RMC Sport“ објави информација дека поради претресот во куќата на Ал-Хелаифи, претставувањето на новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике ќе биде одложено за три часа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.